Целта на овој труд е да ја прикаже топономастика како важна компонента во еден книжевен текст на која треба да се обрне поголемо внимание особено при превод. Преку конкретните примери на два топоними: Стара чаршија и Бит-пазар, кои се среќаваат во неколку текстови од современи македонски автори, преведени на италијански и на англиски јазик, претставени се преведувачките решенија, можните стратегии на преведување, но и двосмисленоста која може да произлезе како несакана последица во преводот.
展开▼