Мобилни ортодонтски апарати, по дефиниција, се ортодонтски апарати кои можат да бидат поставувани и отстранувани од устата на пациентот од страна на терапевтот и од страна на самиот пациент. Содржат активни елементи и ретенциони елементи, односно активна плоча, ретенциони делови и активни елементи.Цел: Да се претстават што претставуваат мобилните ортодонтски апарати како решение на избор при лекување на одредена ортодонтска аномалија со своите предности и недостатоци.Материјал и метод: Пребарувања и испитувања на најнови студии и истражувања од ретроспективни студии во периодот од 1989 – 2000 од областа на ортодонцијата.Заклучок Од спроведените пребарувања на соодветна литература заклучивме дека мобилните ортодонтски апарати се одлично решение за ортодонтски аномалии и во трите дентиции, но сепак нивното дејство е ограничено до врв на пубертет.
展开▼