Во трудот се презентира симулациски модел прикладен за одредување на зоните на лансирање кај ракетните системи за противвоздушна одбрана (РС ПВО). Проблемот на гаѓање воздушни цели претставува доста сложена задача која во конкретните ракетни системи за ПВО ја решава системот за управување со огнот. Зависно од степенот на автоматизација на функциите во конкретниот систем човекот-оператор во системот врши различни задачи кои во принцип се сведуваат на откривање, идентификација и следење на целта, определување на почетните агли и времето на лансирање за да се обезбеди успешно погодување и уништување на целта. За да се обезбеди погодување на целта во дефинираната зона на уништување потребно е лансирањето на ракетата да се врши за време кога целта се наоѓа во зоната на лансирање. Зоната на лансирање како дел од воздушниот простор зависи како од тактичко-техничките карактеристики на конкретниот ракетен систем така и од параметрите на движење на целта и останатите услови на гаѓање. Оценката (одредувањето) на границите на зоната на лансирање е сложена задача која се решава во СУО кај сите РС ПВО пред да се донесе одлука за лансирање (гаѓање). Во трудот е разработен алгоритам за одредување на зоните на лансирање кој што е имплементиран во симулацискиот модел на системот. Симулацискиот модел е изведен во МАТЛАБ-СИМУЛИНК, а приложените резултати се однесуваат на гаѓање на авион со хипотетички РС ПВО со мал дострел.
展开▼