Иако нападите со попречување кај безжичните мрежи спаѓаат во група на напади кои се најтешки за спречување, нивното забележување, а уште повеќе нивното санирање, претставуваат вистински предизвик. Постојат повеќе техники за откривање и борба против нападите со попречување.udЕден од методите за избегнување на овие напади е употребата на фреквентно потскокнување. Фреквентното потскокнување е прочуен пристап по неговото ублажувачко дејство врз ефектите од нападот со попречување. Цел на овој труд е да сеudприкажат можностите на фреквентното потскокнување, како едно од решенијата за намалување на ефектот на нападите со попречување, како и да се разгледаат и анализираат различните видови фреквентни потскокнувања кои се во употреба.
展开▼