Од плеадата финансиски иновации познати во финансиските системи, дел секако припаѓаат на новите методи кои ги користат банкарските институции за пресметки на ризиците и веројатноста на податоците. Либерализацијата која го следеше финансискиот пазар овозможи низа на новитети кои предизвикаа одредени состојби кои регулативите бараат да се променат. Овој труд анализира состојби со методите на пресметки во банкарското работење. Целта е покаже дека ригидноста и цврстината во регулативните мерки мора да се зацврстува, особено кога станува збор за банкарските институции. Тоа се институции кои можат да имаат широки импликации врз финансискиот систем. Методи на работење се анализа на податоци и факти, компарација, синтеза и донесување заклучни согледувања.
展开▼