Многу е тешко да се опише, поточно да се наслика портретот на истакнатиот македонски педагог, музичар, професор Сергеј Михајлов. Причината е едноставна, неговиот животен пат толку многу е испреплетен и во исто време исполнет со многу активности. Сергеј целиот свој живот го посвети на две свои големи љубови: на музичкиот од една и на децата поточно учениците од друга страна, всушност тоа му биле врутиоците на неговото живеење, се што создал било проткаено со љубов кон човекот и неговата среќа. Целта на овој труд е да се одбележи и да му се даде трајност на големиот творечки и музички труд што го вложи Сергеј Михајлов за музичката култура на овој град. Особено негов придонес се гледа во тоа што ја творец и реализатор на првата опера во Македонија ( Палјчи) од Леонкавалов .
展开▼