首页> 外文OA文献 >Мобилен сензорски систем за детекција на штетни гасови во подземните рудници
【2h】

Мобилен сензорски систем за детекција на штетни гасови во подземните рудници

机译:用于检测地下矿井中有害气体的移动传感器系统

代理获取
本网站仅为用户提供外文OA文献查询和代理获取服务,本网站没有原文。下单后我们将采用程序或人工为您竭诚获取高质量的原文,但由于OA文献来源多样且变更频繁,仍可能出现获取不到、文献不完整或与标题不符等情况,如果获取不到我们将提供退款服务。请知悉。

摘要

Краток извадокudБезбедноста во рудниците е многу важна за рударската индустрија. Несреќите во рудникот може да доведат до фатални повреди, болест, заболувања, големи економски загуби и смрт. Експлозиите во рудниците се честа појава, затоа спасувачките операции веднаш се потребни, но истите се и ризични. Резултатите од експлозијата придонесуваат за зголемување на нивото на штетни гасови што резултира со намалено ниво на O2 и висока температура.udЗатоа, секои нови технолошки достигнувања при набљудување и следење на концентрацијата на гасови во рудниците се од големо значење за безбедноста на човечките животи. Целта на овој магистерски труд е да се идентификуваат и да се измерат отровните гасови кои се многу распространети во подземните рудници и не можат да се откријат со човечки сетила.udВо магистерскиот труд е опишан дизајнираниот систем кој служи како далечински систем за следење на нивото на гасови во реално време кај различни области во подземните рудници, со цел да се обезбеди знаење за заштита на рударите од вдишување на прекумерен токсичен гас.udЕфикасноста на системoт ќе овозможи претпазливост и безбедност во рудникот, ќе ја покажува концентрацијата на штетни гасови на ризичните места и токсичните региони пред работниците да започнат со работа во подземни рудници или додека се внатре. Ова ќе спречи прекумерно вдишување на отровни гасови што може да резултира со болести, како што се: леукемија, забрзан пулс на телото и белодробни заболувања во текот на времето. За да се спречи загуба на човечки живот и материјални загуби по експлозијата, се праќа робот во тунелот и тој ја детектира содржината гас, температура и ги пренесува сигналите до контролната соба. Но исто така, концентрациите освен со мобилниот робот се мерат континуирано со помош на сензори поставени во тунелите.udМОБИЛЕН СЕНЗОРСКИ СИСТЕМ ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА ШТЕТНИ ГАСОВИ ВО ПОДЗЕМНИТЕ РУДНИЦИudСистемот користи бежична сензорска мрежа за пренос на податоци од работната средина на рудникот добиени преку сензорите за токсични гасови и сензорот за температура и влажност. Роботот ќе влезе и ќе се движи во рудникот притоа откривајќи штетни гасови и со тоа обезбедува заштита од пожар или експлозија. Со користење на роботот, како и поставените сензори внатре во рудникот, веројатноста за несреќа ќе се намали. Се обезбедува заштита од пожар, експлозија, отровни гасови како CO, CO2, CH4, H2, NH3 и алармирање при зголемено ниво на температурата и концентрацијата на гасовите во тунелот. Се користи микроконтролер со прикачени сензори за добивање на резултати, а потоа преземање на потребните одлуки. Овој магистерски труд го испитува присуството на повеќе видови на отровни гасови во критичните региони. Системот е погоден за користење во подземни рудници. Со помош на овој систем, може да се намали загубата при експлозија во рудникот и да се направи успешна спасувачка акција.udКлучни зборови: Мобилна апликација, Сензори, Arduino Uno, Штетни гасови, Рудник, Систем за безбедност, Бежична сензорска мрежа
机译:None

著录项

  • 作者

    Cekova Katerina;

  • 作者单位
  • 年度 2017
  • 总页数
  • 原文格式 PDF
  • 正文语种
  • 中图分类

客服邮箱:kefu@zhangqiaokeyan.com

京公网安备:11010802029741号 ICP备案号:京ICP备15016152号-6 六维联合信息科技 (北京) 有限公司©版权所有
  • 客服微信

  • 服务号