Туристичките агенции играат важна улога во развојот на туризмот, а при вршење на својата дејност влегуваат во договорни односи со корисниците на услугите. Предмет на оваа статија се договорот за организирање на патување и општите услови за патување кои важат во нашата земја. Во текстот се опфатени позначајните Меѓународни конвенции, како и основната законска регулатива која е поврзана со туризмот во Република Македонија. Во последниот дел на трудот, направен е осврт на дел од правата и обврските на корисниците и на давателите на туристичките услуги кои се содржат во општите услови за патување.
展开▼