Кон средината од минатиот век кај населението во одделни делови од светот, поучено од истражувањата дека постои директна врска од зачестената појава на малигни заболувања со неконтролираната употреба на пестицидите, се јавува тренд на употреба на храна произведена без употреба на такви синтетизирани хемиски средства. Оттогаш, па до денес бројот на населението кое консумира таква храна прогресивно расте, а со тоа, се разбира, и површините на кои се организира таквиот начин на производство.udОрганското земјоделско производство во Република Македонија нема поголема традиција, ако се има предвид фактот дека првиот Закон за органско земјоделско производство е донесен во 2004 година. Оттогаш, па до денес се направени низа чекори за истото да го достигне својот потенцијал за раст. Од друга страна, традиционалниот начин на земјоделско производство скоро никогаш и не бил запоставен за сметка на интензивното производство, што наведува на заклучок дека присуството на синтетизирани хемиски средства во почвата и растенијата е доста ниско. Тоа, пак, ја отвора можноста на површините за кои ќе се утврди дека се погодни за органско земјоделско производство да се започне со еден сериозен пристап за негово организирање, што во голема мера може да придонесе кон подобрување на економскиот ефект од работата на земјоделските стопанства.udСтратешките документи за развој се сегментот кој може значително да придонесе кон побрз развој на некое специфично производство, стопанска гранка, регион или пак државата во целина. Процесот на нивна изработка честопати е долг и изискува тимска работа на индивидуи со познавања од разни дисциплини, кои ги следат најновите достигнувања во науката и технологијата, одлично ја познаваат фактичката состојба на теренот, а се со единствена цел, документот да може да биде применлив.udКон изработкaта на документот кој е пред Вас, експертскиот тим од Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип пристапи со крајна сериозност. Истражени се сите можности кои може на еден или друг начин да го поттикнат овој начин на производство. Документот дава широка можност за понатамошна изработка на истражувачки активности, развој на акциони планови, а според наше стручно мислење е и одлична основа за изработка на планови за идни инвестициони активности.ud
展开▼